Платежен портал – Paysera Checkout

Обработка на онлајн плаќања за електронски продавници
Ова е практична и популарна алатка за обработка на онлајн плаќања, која овозможува прифаќање плаќања во различни земји и во различни валути – со картичка, преку онлајн банкарство и со други популарни начини на плаќање – по добра цена.

Сакате да заштедите уште повеќе време и пари? Погледнете ја услугата за иницирање плаќања (PIS) на Paysera. 

Како да започнам?
Онлајн платежен портал

Нашите клиенти

#
Брза и едноставна интеграција
 Бесплатни приклучоци за речиси 20 платформи за тргување (WooCommerce, Prestashop, Opencart, Magento, Shopify, Ecwid итн.) и детални видео упатства 

 API што лесно се интегрира

 Лесно и брзо отворање и управување со сметка преку апликацијата Paysera
#
Доверливо и безбедно
 Paysera Checkout го користат 13 000+ електронски продавници

 Платежниот прозорец на Paysera им е познат на купувачите

 Paysera е лиценцирана институција за електронски пари од 2012 година и е под надзор на Банката на Литванија
#
Добри цени
 Бесплатна лична сметка

 Транспарентни цени за услугата платежен портал

 Конверзија на валути по поволен курс за оние што примаат плаќања во валути различни од еврото
#
Брза поддршка
 24/7 корисничка поддршка на англиски јазик 

 Поддршката е достапна на 14 јазици, а платежниот прозорец е преведен на 10+ јазици

 Бесплатни консултации со ИТ-специјалистите на Paysera за технички прашања 
#
Обработка на плаќања во реално време
 Увид во плаќањата на купувачите во реално време

 Известувања за извршените плаќања

 Враќањето на средствата е едноставно и безбедно – со најава на Вашата Paysera сметка

Како да започнете да прифаќате онлајн плаќања?

#

Отворете сметка на Paysera

Отворете лична и/или деловна сметка онлајн бесплатно и поминете низ идентификација. 

#

Нарачајте ја услугата за платежен портал

Ова можете да го направите бесплатно со најавување на Вашата сметка на Paysera и одење во Поставки > Поставки на профил > Управување со услуги.

#

Креирајте проект

Следете ги видеоупатствата и креирајте проект за платежен портал. 

#

Проверете ја и потврдете ја страницата

Уверете се дека Вашата електронска продавница ги содржи сите потребни информации, на пр. политика за враќање и информации за достава, и потврдете го сопствеништвото на страницата.

#

Интегрирајте ја Paysera

Интегрирајте го приклучокот или API на Paysera во Вашата електронска продавница. 

#

Започнете со продажба

Следете ги препораките за користење на трговската марка Paysera и известете ги Вашите клиенти дека отсега ќе прифаќате плаќања со начини што им се практични и познати.

Најпопуларни начини на онлајн плаќање

Прифаќајте онлајн плаќања користејќи ги начините што им се познати, практични и популарни кај клиентите

Онлајн банкарство

Услуга за иницирање плаќања (PIS)

Услугата за иницирање плаќања – начин на плаќање при кој купувачот ја избира својата банка (SEB, Swedbank, Artea, Citadele, Luminor, Revolut и др.) и честопати, без воопшто да го напушти платежниот прозорец, го потврдува плаќањето за стоката или услугите. PIS е поевтина алтернатива на Bank Link. 

Bank Link

Начин на плаќање при кој купувачот се пренасочува кон својата банка за да ја потврди нарачката. Овој начин на плаќање сè уште е популарен, но сè повеќе трговци избираат PIS како алтернатива на Bank Link поради подобрата цена.

#
#
Картички
За плаќање се прифаќаат картичките Visa, Mastercard и Maestro, како и Apple Pay и Google Pay. Плаќањата со Visa и Mastercard се достапни за физички и правни лица регистрирани во ЕУ. За да го овозможите овој начин на обработка на плаќања, пополнете го формуларот за активирање на услугата.
#
Готовина

Иако плаќањата во готово стануваат сè помалку популарни, постарата генерација сè уште често го избира овој начин на плаќање. Овозможете им на Вашите клиенти да платат во готово на означените наплатни места или со налог за плаќање во својата банка.

#
Поединечни нарачки

Немате електронска продавница? Правите поединечни или поголеми нарачки само неколку пати годишно? Генерирајте единечен налог за плаќање за Вашиот купувач.

#
Други платежни системи

Ако Вашите стоки или услуги се наменети за меѓународниот пазар, овозможете им на Вашите купувачи да плаќаат преку системи како Giropay и др. 

Други услуги и придобивки

#
Донации


Добротворните организации можат да постават копче за донации и да им овозможат на луѓето да донираат избран износ на начин што им е практичен – со картичка, преку својата банка или со СМС. 

#
Повторливи плаќања


Продавате членство во спортски клуб, неделни курсеви или претплата? Прифаќајте онлајн плаќања со наплата на определен износ од картичката на купувачот во определени интервали. 

#
Идентификација на клиентите


Ако Вашите производи или услуги бараат дополнителна идентификација на купувачот, Paysera Checkout Ви овозможува да го проверите националниот идентификациски број на клиентот. 

Бр. 1

Paysera е најголемата и најпопуларната институција за електронски пари (EMI) во Литванија

11,7 милијарди EUR

Финансиски трансакции во 2020 година

13 000+

Плаќањата во електронска продавница се обработуваат преку Paysera

600 милиони EUR

Прифатени преку Paysera Checkout во 2020 година

Paysera Checkout – популарна, брза и удобна обработка на онлајн плаќања

Тоа е универзално и флексибилно решение за прифаќање онлајн плаќања, кое го користат илјадници успешни електронски продавници. Без разлика дали Вашите клиенти сакаат да плаќаат онлајн, со картичка или во готово – со наплата преку Paysera Checkout ќе можете да им понудите различни доверливи начини на плаќање и да ги користите другите придобивки што ги нуди Paysera. 

КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ОДДЕЛОТ ЗА ПРОДАЖБА